Подај рака и промени живот – стани згрижувач!
Градоначалникот Фатмир Дехари денеска ги пречека Александра Мојсова и Жарко Трајков претставници од СОС Детско Село од Скопје.
Општина Кичево се приклучува на проектот на СОС Детско село и Министерството за труд и социјална политика на Република Северна Македонија “Унапредување на системски недостатоци – Поддршка на реформите во системот за заштита на деца” (Addressing systemic Gaps – Support to Child Welfare System Reforms) поддржан од Германското Министерство за економија и развој.
Во склоп на овој проект се спроведува националната кампања “ПОДАЈ РАКА И ПРОМЕНИ ЖИВОТ – СТАНИ ЗГРИЖУВАЧ!” со цел покренување на свеста и колективното знаење за процесот на згрижувањето, како и информирање за значењето и бенефитите на програмата за згрижување на деца.
Овој проект е од голема важност како на локално, така и на национално ниво, бидејќи покрај тоа што ја зголемува свеста за згрижување на деца, го зголемува бројот на потенцијални згрижувачи и истовремено креира достапна мрежа на згрижувачки/роднински семејства низ целата теритотија на државата. На тој начин ќе придонесеме децата во нашата држава, да продолжат да живеат во познато опкружување, културолошки блиски на нивното потекло, преку истовремено обезбедување грижа и заштита на децата, одржување на врските со семејството, заедницата и културното потекло.