Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Кичево успешно ја заврши распределбата на Стипендиите за учебната год 2021 – 2022 година!

Градоначалникот Фатмри Дехари годинава, петти пат по ред, потпиша 50 договори (СТИПЕНДИИ), за ученици кои беа подобро рангирани врз основа на условите поставени во конкурсот.

На овој конкурс право на пријавување имаа сите студенти кои студираат на некој од државните или приватните универзитети во Република Северна Македонија и на универзитетите внатре и надвор од државата.

Стипендиите беа доделени на две категории студенти:

За студенти со висок успех на студии вкупно 25 и за студенти од семејства со тешка економска состојба исто така 25 стипендии. Вредноста на стипендијата за оваа академска година ќе изнесува 24.000 денари, при што ќе им бидат исплатени 3.000 денари. од 8 месеци.

Со оваа скромна акција докажуваме дека сме во поддршка на студентите и во поддршка на оние кои носат успех во текот на студирањето.

Back to top