Донација на амбулантно возило од Германија
Општина Кичево прифати донација од Германија
Амбулантното возило, кое е донација од германската фондација Luftfahrt Ohne Grenzen, денеска и официјално беше предадено на општина Кичево. Возилото во Кичево го донесоа претставниците на фондацијата, хуманистите Франк Франке и нашиот сонародник од Кичево Шпензим Дервиши, а истото беше прифатено од градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари, кој му го предаде на директорот на Здравствен дом, Др. Џабир Бајрами.
Голема благодарност до донаторите.