Започнавме голема акција за почиста и поубава околина!
Општина Кичево преку ЈКП “Комуналец” – Кичево со полна сила ја започна акцијата за изнесување на ѓубрето од дивата депонија покрај магистралниот пат – депонија која со години беше болка и срам за сите нас, Кичевчани. Денес таа приказна се менува!
Ѓубрето конечно се транспортира во регионалната депонија ,,Русино”, а паралелно се работи на проектирање и подготовка за изградба на нова претоварна станица – современо решение кое ќе донесе трајна чистота и ред во нашиот град. Ова не е само чистење – ова е симбол на нов почеток, на заедничка грижа и љубов кон нашата околина.
Заедно покажуваме дека Кичево заслужува да дише чист воздух и да блеска со својата природна убавина!