Заловување и стручен третман на улични кучиња
Денес во раните утрински часови, на територијата на Општина Кичево, успешно беше реализирана акција за заловување и стручен третман на улични кучиња на различни локации во градот.
Акцијата ја спроведе стручна екипа од ветеринарни лекари, а активно учество зедоа и активисти за заштита на животните од нашиот град.
Ваквите акции ќе продолжат континуирано да се спроведуваат, со цел хуман третман и подобрување на условите во заедницата.