Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во првите часови од новата 2026 година беше остварена посета на дежурните служби во градот, кои и за време на новогодишната ноќ непрекинато се грижат за безбедноста и сигурноста на граѓаните

Додека поголемиот дел од граѓаните ја дочекаа Новата година во празнична атмосфера, припадниците на дежурните служби одговорно и професионално ја извршуваа својата работа, обезбедувајќи непречено и безбедно одвивање на празничните активности.

Според информациите добиени од надлежните служби, состојбата во градот заврши во стабилна рамка и под целосна контрола. Не се евидентирани инциденти или непосакувани настани, а новогодишната ноќ помина во мирна и позитивна атмосфера, во согласност со стандардите на едно урбано и современо општество.

Општина Кичево упатува благодарност до сите вработени во дежурните служби за нивниот континуиран ангажман, пожртвуваност, професионалност и посветеност.

Со желби за мирна, успешна, бериќетна 2026 година и со многу здравје до сите граѓани.

Back to top