Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во просториите на Општина Кичево, денес со свеченост беше одбележан „Денот на албанската азбука“ 22-ри ноември

По повод одбележувањето на Денот на албанската азбука 22-ри ноември, денес Општина Кичево организираше скромна, но искрена и достоинствена свеченост посветена на значајниот ден за албанската заедница и за културното богатство на нашиот град.

На настанот присуствуваа претставници од образовните институции, советници од Советот на Општина Кичево, претставници од јавниот и граѓанскиот сектор, како и бројни гости и сограѓани. Особено задоволство беше присуството на Д-р Фатмир Лимани, министер за социјална политика, демографија и млади, кој со своето учество ја зајакна важноста на овој ден и меѓусебната почит меѓу заедниците.

Во знак на признание за придонесот и поддршката во зачувувањето и унапредувањето на културните и јазичните вредности, до раководните лица на образовните институции кои беа присутни, им беа доделени благодарници. Овие училишта се навистина столб на заедничкото живеење и мост што ги поврзува младите со знаењето, традицијата и современите вредности.

Свеченоста заврши со мини коктел, организиран во пријатна и топла атмосфера, како симболичен чин на уважување и честување на утрешниот празничен ден. Иако самиот празник по календар следува утре, поради претстојниот викенд беше одбележан ден претходно, со цел сите гости и институции достојно да присуствуваат.

– Почитувани, пред се сакам да Ви се заблагодарам што одвоивте време да присуствувате на свечениот чин по повод празникот. Јас како градоначалник на Општина Кичево и колективот и понатаму ќе останеме посветени на унапредување на меѓукултурниот дијалог, еднаквоста и заедничките вредности што го прават нашиот град место на соживот, разбирање и меѓусебна почит. Ја користам оваа прилика да Ви го честитам денот на Албанската азбука 22-ри ноември.

Back to top