Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во интерес на објективно информирање на граѓаните

Поплавите кои се случија на овој потег се директна последица на неодговорно одлагање шут и градежен материјал во и во непосредна близина на речното корито, со што се попречува нормалниот проток на водата.

Ги молиме граѓаните за разбирање и солидарност. Сѐ додека овој потег целосно не се исчисти, постои реална опасност од повторни поплави при нови врнежи.

Воедно, апелираме на разум и повторуваме дека никаков опасен материјал, ниту комунален отпад, не се одлага во копот на рудникот „Осломеј“. Се отстранува и транспортира исклучиво материјалот што се вади покрај самото речно корито (наноси, шут и градежен материјал), со цел превенција и заштита на населението.

Со почит,
Општина Кичево

Back to top