Важно соопштение – вода за пиење
ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги известува граѓаните дека поради поплавите и можноста за привремена промена на квалитетот на водата во водоводната мрежа, како превентивна мерка во овој период се препорачува да се избегнува директно конзумирање на водата од водоводот за пиење.
Напоменуваме дека оваа препорака е превентивна и не значи дека постојат потврдени податоци дека водата е неисправна, туку е мерка на претпазливост со цел заштита на здравјето на граѓаните.
Водата да се користи исклучиво:
- за пиење и подготовка на храна – само по претходно превривање
- како техничка вода (лична хигиена, перење, чистење и сл.)
Екипите на ЈКП „Комуналец“ се на терен и се преземаат активности за следење, контрола и стабилизирање на состојбата. Јавноста ќе биде навремено информирана штом водата биде безбедна за директна употреба без превривање.