Светски ден на децата со посебни потреби
Имам чест да го честитам денот посветен на децата со посебни потреби!
На мое особено задоволство, сакам да соопштам една прекрасна програма која ќе ја спроведе Општина Кичево, со моја одлука согласно моите ветувања и заложби за децата со посебни потреби.
Многу скоро ќе биде објавен јавен повик до сите семејства кои имаат деца со посебни потреби, да се пријават, а Општина Кичево ќе им обезбеди месечна финансиска помош од 4.000 денари за секое дете од 0 до 26 години.
По повод овој ден, го посетив ОУ „Санде Штерјоски“, каде што функционира дневен центар за згрижување и едукација на децата со посебни потреби. Исто така го посетив и дневниот центар за лица со посебни потреби во склоп на ЈУ Центар за социјална работа – Кичево, кој во соработка со Црвениот крст реализира проект за згрижување на децата со посебни потреби.
Со почит,
Д-р Александар Јовановски
Градоначалник на Општина Кичево