Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свеченост по повод „Ден на настава на турски јазик“ и официјално поставување на знамето од Република Туркије на јарбол, во знак на меѓусебна почит, симбол на пријателство и долгогодишна соработка

Во саботата на 20.12.2025 г. во Општина Кичево ден пред датумот на кој традиционално се одбележува, се одржа свечена манифестација по повод „Ден на настава на турски јазик“, при што беше извршено официјално подигање на знамето од Република Туркије, како симбол на почит, пријателство и долгогодишна соработка.

На пригодната манифестација на наше задоволство присуствуваа Амбасадорот на Република Туркије, г-дин Фатих Улусој, министерот за социјална политика, демографија и млади, г-дин Фатмир Лимани, претседателот на ТДП г-дин Зулфикар Зејнула претставници на локалните и административните институции и бројни гости.

Во една достоинствена атмосфера, свое обраќање пред присутните имаа дечиња каде претставија своја поезија на Турски јазик, како и градоначалникот на Општина Кичево г-дин Александар Јовановски и Амбасадорот на Република Туркије г-дин Фатих Улусој, кои заеднички го честитаа „Денот на наставата на турски јазик“, потврдувајќи ја важноста на меѓусебната соработка и заеднички развој за подобра иднина за сите граѓани.

Општина Кичево и понатаму ќе продолжи да негува вредности на меѓусебна почит, мултикултурност и соработка, со цел заеднички развој и подобра иднина за сите граѓани.

Честит „Ден на настава на турски јазик“

Back to top