Средба со Кичевското Архијерејско намесништво при храмот „Св. ап. Петар и Павле“ – Кичево
Денес градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, оствари значајна средба со претставниците на Кичевското Архијерејско намесништво при храмот „Св. ап. Петар и Павле“ – Кичево.
На средбата се дискутираше за повеќе теми од заеднички интерес:
- унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и црковните институции,
- поддршка на културно-духовниот живот во градот и селата,
- зачувување на традицијата и духовните вредности,
- можности за организирање на настани и проекти кои ќе придонесат за поголема општествена кохезија.
Градоначалникот Јовановски ја истакна важноста на црквата како столб на духовноста и културниот идентитет на Кичево, нагласувајќи дека Општината ќе продолжи да ја поддржува секоја иницијатива која носи добробит за граѓаните.
Општина Кичево останува посветена на градење партнерства кои ја зајакнуваат заедницата, ја поттикнуваат соработката и создаваат подобри услови за живот за сите жители.