Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Средба на градоначалникот Д-р Александар Јовановски со Амбасадорката на САД во Македонија, г- ѓа Анџела П. Агелер

Градоначалникот денес оствари значајна и конструктивна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија.

На средбата се разговараше за повеќе теми од заеднички интерес:

  • Поддршка на локалните проекти за инфраструктура и одржлив развој
  • Можности за економска соработка и инвестиции во регионот
  • Поттикнување на културна и образовна размена помеѓу општина Кичево и американски институции
  • Зајакнување на партнерството во областа на демократијата и транспарентното управување

Градоначалникот ја истакна важноста на ваквата средба за отворање нови перспективи и создавање подобри услови за граѓаните.

Оваа средба претставува важен чекор кон продлабочување на пријателството и соработката помеѓу општина Кичево и амбасадата на САД.

Back to top