Соопштение за јавен увид
Се известуваат граѓаните на Општина Кичево и надлежните институции дека се организира Јавен увид по Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за формирање на градежна парцела со намена E1.5 – Резервоар за вода за пиење на дел од КП бр.613 КО Осој вон град Општина Кичево.
Јавниот увид ќе трае 15 (петнаесет) дена, во период од 19.11.2025 год до 09.12.2025 година. Евентуалните забелешки може да се достават секој работен ден од 8.00 до 16.00ч. во просториите на архивата на Општина Кичево, или во електронска форма на е-адресата kicevo2025@kicevo.gov.mk.