Соопштение до јавноста – поплави на ул. „Прилепска“
Поради лошите временски услови и интензивните врнежи, повторно настанаа поплави во неурбанизираната населба кај ул. „Прилепска“. Според првичните информации, погодени се околу 200 жители/лица.
Лицата кои имаат потреба од времено згрижување ќе бидат сместени во спортската сала во Иванидол.
На терен се екипите на ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијална противпожарна единица – Кичево, кои интервенираат согласно приоритетите и потребите на граѓаните.
Свикан е Кризен штаб, кој континуирано ја следи состојбата и ги координира сите активности за помош и заштита.
Апелираме на смиреност, трпение и внимателност. Општина Кичево ќе го даде максимумот со сите расположливи ресурси за брза реакција и поддршка на засегнатите граѓани.
Препораки за безбедност:
Избегнувајте движење низ поплавени улици и подрумски простории.
Доколку има ризик, исклучете електрична енергија во домовите.