Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Соопштение за важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

Почитувани граѓани,

Ве информираме дека заклучно со 03.03.2026 година завршува важноста на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Поради тоа ги потсетуваме сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација на бесправни објекти до Општина Кичево, а чија постапка е во прекин, да ја искористат оваа законска можност за докомплетирање на нивните барања со цел решавање на истите.

Ги повикуваме сите засегнати странки и баратели навремено да се обратат до Општина Кичево и да се информираат за статусот на своето барање и да ја достават дополнителната документација.

Во спротивно доколку барањата не бидат навремено дополнети, истите ќе бидат одбиени согласно законските одредби.

Back to top