Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работни активности на клучни точки на р.Сушица заедно со новиот директор на „ЈП Комуналец“ г-дин Бојан Стојкоски

Во рамки на денешниот ден заедно со новоизбраниот директор на ЈП „Комуналец“ г-дин Бојан Стојкоски, извршивме увид на неколку клучни точки во работните активности на дел од вработените.

Нивната прва заедничка активност денес беше увид во акцијата за чистење на речното корито на Сушица, која претставува вистински пример како институциите треба да функционираат кога интересот на граѓаните е во преден план.

Чистењето на Сушица не е само техничка операција. Тоа е инвестиција и превенција за кичевчани од поплави и грижливо одржување на просторот што им припаѓа на сите.

Ова е почеток што охрабрува. Почеток што носи надеж дека институциите ќе работат поодговорно, поефикасно и со вистинска грижа за граѓаните.

Овој пример покажува како со соработка, визија и конкретни дела може да се создава подобро Кичево. Кога првите чекори се сигурни и чесни, тогаш и иднината станува појасна, чекор по чекор, ден по ден.

Back to top