Работна средба на градоначалникот Д-р Александар Јовановски со директорот на ЈКП „Комуналец“ – Кичево, г. Бојан Стојкоски, заедно со соработниците г-ца Антоанета и г. Александар Мицкоски
На средбата се разговараше за тековните активности на ЈКП „Комуналец“, предизвиците со кои се соочува јавното претпријатие, како и идните планови за подобрување на комуналните услуги во градот.
Посебен акцент беше ставен на одржувањето на јавната хигиена, управувањето со отпадот, уредувањето на зелените површини и модернизацијата на инфраструктурата. Соработката меѓу Општината и ЈКП „Комуналец“ е од суштинско значење за создавање чиста, уредна и функционална средина за сите граѓани.
Општина Кичево останува посветена на поддршка на јавните претпријатија и заедничко делување во интерес на граѓаните, со цел подобрување на квалитетот на живот и развој на градот.