Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Посета на деканот на технолошко-техничкиот факултет во Општина Кичево

Денес во Општина Кичево се реализираше значајна средба помеѓу градоначалникот Д-р Александар Јовановски и деканот на Технолошко-техничкиот факултет од Велес, д-р Везирка Јанкуловска.

На средбата се разговараше за можностите за унапредување на соработката меѓу Општина Кичево и високообразовните институции, како и за развој на заеднички иницијативи, проекти и активности од заемен интерес. Притоа, беше истакнато и значењето на фактот што овој факултет има дисперзирани студии во Кичево, што претставува дополнителна можност за образовен развој и академско јакнење на локално ниво.

Во насока на продлабочување на меѓусебната соработка, беше потпишан и меморандум за соработка, кој претставува значаен чекор кон воспоставување посилни врски помеѓу локалната самоуправа и академската заедница.

Back to top