Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Поради обилните врнежи и наглото влошување на состојбата на терен, Општина Кичево веднаш организираше координирана интервенција за справување со последиците од поплавите и заштита на граѓаните и нивниот имот

На терен се ангажирани екипи и механизација, со насочени активности кон најкритичните точки, и тоа:

  • расчистување на одводни правци и критични делници,
  • отстранување наноси, кал и отпад што го блокираат одливот,
  • чистење и пробивање канали и пропусти,
  • испумпување вода и обезбедување пристап до загрозени домаќинства, каде што условите тоа го дозволуваат.

Интервенциите се реализираат во постојана и директна координација со ЈКП „Комуналец“ – Кичево и Територијална противпожарна единица – Кичево. На лице место се присутни и командирот Филип Митрески, пратеникот Ѓорѓија Сајкоски, градоначалникот Д-р Александар Јовановски и директорот Бојан Стојкоски, со цел навремено донесување одлуки и поефикасна распределба на ресурсите.

Општина Кичево упатува сериозен апел до граѓаните:

  • да не се движат низ поплавени подрачја и да избегнуваат ризични делници,
  • да не ја попречуваат механизацијата и екипите при работа,
  • да пријават доколку забележат нови критични точки или опасност за домаќинствата.

Општина Кичево останува целосно ангажирана и ќе продолжи со интензивни активности сè додека состојбата не се стабилизира. Јавноста ќе биде редовно информирана преку официјалните канали.

Back to top