Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Покана за поднесување идејни решенија за конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција, проширување и урбан дизајн на постоечкиот плоштад во Kичево

Почитувани,

Општина Кичево со седиште на ул.„Борис Кидрич“ бр.2, 6250 Кичево,  телефон  045/220-020, електронска  пошта: kicevo2025@kicevo.gov.mk,  интернет адреса www.kicevo.gov.mk , има потреба од спроведување на конкурс за избор на идејно архитектонско решение за реконструкција, проширување и урбан дизајн на постоечкиот плоштад во Кичево. За таа цел, во согласност со  член 124 став 1 точка б од Законот за јавните набавки  („Службен весник на РСМ“ бр. 24/2019 и 87/2021), Општина Кичево спроведува конкурс за избор на идејно решение.

Ве молиме да ни го доставите Вашето идејно архитектонско решение за горенаведениот предмет на конкурсот најдоцна до 06.04.2026 година во 12.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на Општина Кичево.

Со оваа покана Ви доставуваме конкурсна документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на идејното решение.

Конкурсната документација е во прилог, а самиот Конкурс е достапен на Електронскиот систем за јавни набавки, односно на линкот

Отворањето на идејните решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени како краен рок за поднесување на идејните решенија во просториите на Општина Кичево. Оценувањето на проектите поднесени на конкурсот за избор на идејно решение го врши жири комисија.

Општина Кичево ќе додели:

  • прва награда за избраното најдобро идејно решение во висина од 100.000.оо  денари
  • втора награда за избрано идејно решение во висина од 50.000.оо денари 
  • трета награда за избрано идејно решение во висина од 30.000.оо денари 

Back to top