Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Покана

Градоначалникот на Општина Кичево ги повикува сите Стопанственици од градот да присуствуваат на консултативниот состанок посветен на изработката на Буџетот на Општина Кичево за 2026 година.

Состанокот ќе се одржи на 19.11.2025 (среда), во 13:00 часот, во просториите на Совет на Општина Кичево.

Целта на овој состанок е заедно со бизнис-заедницата да ги евидентираме развојните приоритети, реалните потреби и конкретните предлози, со цел подготовка на сеопфатен буџет насочен кон локален економски развој. Вашето присуство е од голема важност.

Back to top