Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Кичево континуирано работи на чистење на речното корито по поплавите

Во интерес на безбедноста и заштитата на граѓаните, Општина Кичево непрекинато и со засилена динамика продолжува со активности за расчистување и уредување на речното корито по неодамнешните поплави кои зафатија делови од градот и околните населби.

Со ангажирана механизација и стручни екипи, се отстрануваат наноси од земја, песок, отпад и други пречки кои го попречуваат нормалниот проток на водата. Овие интервенции се спроведуваат плански и координирано, со цел целосна стабилизација на состојбата на терен.

Сакаме јасно да истакнеме дека со овие активности Општина Кичево не загрозува никого, ниту пак се вршат интервенции на штета на било кој граѓанин. Напротив, мерките што се преземаат се исклучиво во функција на превенција и заштита — со цел да се спречи повторно поплавување на населбите кои веќе беа погодени.

Дополнително информираме дека отпадот кој се отстранува од реката и долж речното корито е веќе деградиран и не претставува опасност за животната средина.

Превенцијата денес значи сигурност утре. Продолжуваме одговорно, транспарентно и во служба на граѓаните.

Back to top