Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Кичево ја информира јавноста за постапката за начинот на исплатат на средствата за избирачките одбори кои ги реализираа локалните избори 2025 година

Од буџетот на Општината исплатени се 50 проценти од вкупната сума согласно законската обврска и за истото се информирани претседателите на избирачките одбори.

Остатокот од 50 проценти од средствата се интегрирани во Предлог Буџетот на Општина Кичево за 2026та година кој е веќе испратен до советниците во Советот на Општина Кичево и кој треба да биде изгласан пред крајот на оваа календарска година.

Во текот на првиот квартал од следната година ќе биде исплатен остатокот на членовите на избирачките одбори.

Back to top