Општина Кичево ја информира јавноста дека Градоначалникот на Општина Кичево го именува новиот директор на Јавното Претпријатие „Комуналец“ – Кичево
Со ова решение, г. Бојан Стојкоски ја презема должноста директор на ЈП „Комуналец“, со целосен мандат и директни одговорности за раководење, функционирање и унапредување на јавните услуги што ова претпријатие ги обезбедува за граѓаните на Општина Кичево.
Општина Кичево му посакува успех на г. Стојкоски во новата должност и очекува неговата работа да придонесе кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и квалитетот на комуналните услуги.