Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Кичево информира дека екипите на ЈКП „Комуналец“, заедно со ангажираната механизација, се постојано на терен и активно работат на чистење на снегот и обезбедување проодност на патиштата на целата територија на општината – во градот и во сите населени места

Приоритет се главните сообраќајници, пристапите до здравствени и јавни установи, училиштата и критичните точки
Интервенции се вршат континуирано, согласно условите и интензитетот на врнежите
Состојбата се следи и се постапува по пријави и потреби на терен

Апел до граѓаните:

  • да возат внимателно и да ја прилагодат брзината
  • да не паркираат на коловоз и да овозможат непречено движење на механизацијата
  • да внимаваат при движење по тротоари и стрмни делови

Општина Кичево ќе продолжи со засилени активности сè до целосна стабилизација на состојбата.

Back to top