Општина Кичево денес започна со акција за чистење на дивата депонија во село Вранештица
Со оваа активност се отстрануваат отпадите кои со години ја нарушуваа животната средина и здравјето на жителите.
По завршувањето на чистењето, ќе се пристапи кон реконструкција на патот кој води до селото Вранештица, со цел да се обезбеди побезбедно и поквалитетно движење за сите жители и посетители.
Ова е дел од нашата заложба за:
- подобрување на условите за живот,
- заштита на природата,
- и создавање современа инфраструктура во сите населени места.
Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат акцијата и заеднички да придонесеме за чиста и уредна општина.