Одржана трибина посветена на земјоделците и развојот на руралните средини
Вечерва во Кичево се одржа значајна трибина посветена на земјоделството, руралниот развој и потребите на земјоделците, на која присуствуваа голем број граѓани, земјоделци и претставници на институциите.
Како домаќин на овој важен настан, градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство г. Цветан Трипуновски, пратеникот г.Ѓорѓија Сајкоски, заменик-министерот за јавна администрација г. Лазе Јаќимоски, директорот на ЈП Национални шуми проф. д-р Здравко Трајанов, директорот на АД Водостопанство г. Филип Филиповски како и други гости и претставници на јавниот живот, упатија силна порака за заедништво, поддршка и директна комуникација со земјоделците.
Во фокусот на трибината беше кампањата „Гласот што го слушаме, македонското најдобро“, чија суштинска порака е дека успешни, одржливи и реални политики можат да се креираат само преку отворен дијалог и внимателно слушање на потребите на граѓаните.
Земјоделците се темел на нашата локална економија.
Тие се чувари на традицијата, трудољубиви создавачи и значаен двигател на развојот.
Токму затоа, институционалната поддршка, присуството на терен и заедничкото креирање решенија остануваат клучни за нивниот напредок.
Општина Кичево и понатаму останува посветена на поддршката на земјоделците, унапредувањето на руралните заедници и создавањето услови за поодржлив локален развој.
Ви благодариме на сите присутни за учеството, довербата и конструктивната дискусија.