Одржан Форум за вмрежување на партнери во рамки на Програмата за меѓугранична соработка Албанија – Северна Македонија (IPA II)
Општина Кичево информира дека денес беше одржан Форум за вмрежување на партнери, наменет за поврзување на потенцијални апликанти и унапредување на соработката во рамки на Програмата за меѓугранична соработка помеѓу Албанија и Северна Македонија, со фокус на успешна реализација на проекти финансирани преку IPA II.
На форумот учествуваа заинтересирани субјекти од Југозападниот регион, Пелагонискиот регион, како и од регионот на Корча, со цел размена на идеи, воспоставување партнерства и подготовка на квалитетни проектни иницијативи од заеднички интерес.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Кичево Д-р Александар Јовановски, кој ја истакна важноста на меѓуграничната соработка како можност за развој, подобрување на локалните услуги и реализација на проекти кои носат конкретни придобивки за граѓаните.
Форумот беше организиран во соработка со Министерството за локална самоуправа и Заедничкиот секретаријат за меѓугранична соработка со седиште во Струга.
Општина Кичево ќе продолжи активно да се вклучува во вакви иницијативи и да поддржува партнерства кои придонесуваат кон развој и напредок на локалната заедница.