Нови паркинг места кај ООУ „Кузман Јосифоски – Питу“ и Интернатот во Кичево
Паркингот е предвиден со урбанистичкиот план во рамки на градежната парцела за училиштето. Со цел подобрување на пристапот и безбедноста во зоната околу ООУ „Кузман Јосифоски – Питу“ и ученичкиот интернат во Кичево, се започнува изградба на две нови паркинг места.
Оваа мала, но значајна интервенција ќе придонесе за:
- подобра организација на сообраќајот
- поголема безбедност за учениците и пешаците
- полесен пристап за вработените и посетителите