Кичево – град на културата 2026!
Кичево отсекогаш имало душа: песна, игра, традиција, уметност и луѓе што создаваат.
Денес, таа душа доби официјално признание – Кичево е избрано за „Град на културата“ за 2026 година! Признание што ја потврдува нашата културна традиција, потенцијал и визија за иднината.
Овој значаен момент го одбележавме на свечен начин, во присуство на градоначалникот на Општина Кичево Д-р Александар Јовановски, како и на министерот за култура и туризам г-дин Зоран Љутков, државниот секретар г-ѓа Марија Станчевска-Ѓоргова, пратеникот г-дин Ѓорѓија Сајкоски, заменик-министерот за јавна администрација г-дин Лазе Јаќимоски, г-дин Александар Мицкоски и раководителите на клучните културни институции: директорката на Музеј ,,Западна Македонија во НОБ,, г-ѓа Вања Вељаноска и директорот на Домот на култура НУЦК „Кочо Рацин“ г-дин Мазлам Османи, заедно со уметници, културни работници, новинари и бројни пријатели на Кичево.
Во рамки на посетата, министерот Љутков оствари обиколка на музејските содржини во Музејот „Западна Македонија во НОБ“, каде се запозна со поставките и плановите за развој, а потоа го посети и Домот на култура НУЦК „Кочо Рацин“, каде изврши разгледување на капацитетите и оствари срдечни средби и разговори со вработените во двете институции.
2026 ќе биде година на нови настани, фестивали, изложби и културни програми.
Кичево ќе биде центар на културата – за граѓаните, за младите, за иднината!
Да ја направиме 2026 година на која ќе се гордееме!