Јавен повик до сите заинтересирани угостители
Општина Кичево објавува јавен повик за пријавување на угостители кои сакаат да постават штандови на градскиот плоштад по повод организираниот дочек на Новата 2026 година на 31 декември.
Услови за пријавување:
- Да се достави пријава со основни податоци за угостителскиот објект (име на објект, контакт лице, телефон, е-маил).
- Краток опис на понудата што ќе биде презентирана на штандот (храна, пијалоци, специјалитети и сл.).
Сите заинтересирани угостители можат да се пријават најдоцна до 15.12.2025 година.
Пријавување на тел: 075 654 135 – Михајло Петревски