Јавен оглас за пријавување на членови на парципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево
Арх.Бр.10-1518/1
Дата: 27.03.2026
Кичево
Врз основа на член 46, став 3 од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 32/20, 111/23, 73/24, 224/24, 40/25, 101/25 и 127/25), Градоначалникот на Општина Кичево на ден 27.03.2026 година, објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС
за пријавување на членови на парципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево
За обезбедување на инклузивност, партиципативност и јавност во процесот на урбанистичкото планирање, Градоначалникот на Општина Кичево распишува Јавен оглас за пријавување на членови на парципативното тело од областа на урбанизмот на Општина Кичево.
Јавниот оглас ќе трае 30 дена од денот на објавувањето.
Јавниот оглас ќе биде објавен на веб страна на Општина Кичево www.kicevo.gov.mk и на огласна табла во Општина Кичево. Пријава од заинтересирани лица за учество во Партиципативното тело (образецот е во прилог на повикот) се доставува во горе определениот рок во архивата на Општина Кичево и треба да содржи контакт информации (име и презиме, адреса и телефон) како и кратко образложение за начинот на кој заинтересираното лице смета дека ќе придонесе во работата на Партиципативното тело.
Лицата чии пријави ќе бидат прифатени, ќе бидат назначени за членови на Партиципативното тело и за истото ќе бидат известени во писмена форма.
Партиципативното тело ги претставува сите различни интереси и интересни групи во во локалната заедница и ги пренесува ставовите, мислењата и потребите на граѓаните и правните лица, ги следи состојбите во планирањето преку давање на иницијативи, насоки и сугестии за изготвување на плански решенија и во постапка за изработување и донесување на плановите ги разгледува планските програми и планските решенија на урбанистичките планови во нивната работна верзија.
Партиципативното тело има консултативна улога, а учеството на лицата членови во партиципативното тело е на доброволна основа.