Известување – вода за пиење
ЈКП „Комуналец“ – Кичево ги известува граѓаните дека, согласно резултатите од извршените лабораториски анализи од Институтот за јавно здравје – Битола, водата во Кичево е комплетно исправна за пиење.
Анализите потврдуваат дека водата е исправна микробиолошки и хемиски. Водата од водоводната мрежа може слободно и безбедно да се користи за пиење и подготовка на храна.