Инфраструктурни подобрувања во нашата општина
Во текот на вчерашниот ден беше реконструиран дел од патот Челопеци – Рабетино, со што значително се подобрува безбедноста и пристапноста за жителите и сите кои секојдневно го користат овој правец.
Општина Кичево продолжува со плановите за инфраструктурен развој – следен чекор е реконструкција на патот кон селото Патеец, со цел да обезбедиме подобри услови за сите жители и да ја унапредиме локалната поврзаност.