Градоначалникот на Општина Кичево оствари работна средба со г-дин Салко Куч
Со цел продолжување и зајакнување на меѓуетничката соработка во општината, градоначалникот на Општина Кичево оствари работна средба со г-дин Салко Куч, национален координатор за меѓуетничка и меѓуресорска соработка. На средбата се разговараше за унапредување на односите помеѓу сите етнички и религиски заедници, јакнење на меѓусебната доверба и почит, како и за дополнителни активности кои ќе придонесат кон подобро заедничко живеење и општествена кохезија во нашата општина.
Општина Кичево останува посветена на градење инклузивна, солидарна и обединета заедница, во која различностите се вредност, а соработката е темел за напредок.