Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, денес ги потпиша решенијата за доделување еднократна финансиска поддршка на учениците за учебната 2024/2025 година

Со оваа мерка, Општина Кичево обезбедува средства за учениците од општинските и средните училишта кои учествуваат на натпревари на државно ниво, со цел да се поттикне нивниот труд, талент и постигнувања.

Поддршката е доказ за заложбата на Општината да инвестира во младите и нивниот успех, како и да создаде услови за развој на образованието и афирмација на учениците на национално ниво.

Back to top