Градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, денес оствари работна средба со муфтијата на Исламската верска заедница Ќамиљ еф. Рушити и претставниците од Муфтиството при ИВЗ – Кичево
На средбата беше истакната важноста на институционалната соработка, меѓусебното почитување и градењето партнерски односи меѓу локалната самоуправа и верските заедници.
Општина Кичево останува посветена на дијалог и заедништво, со цел унапредување на довербата и подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани.