Градоначалникот, Д-р Александар Јовановски, денес изврши увид во активностите за асфалтирање на ул. „Маршал Тито“, каде градежните работи се наоѓаат во завршна фаза
Се очекува асфалтирањето да биде целосно завршено до крајот на денот, со што оваа значајна улица ќе добие подобри услови за безбедно и непречено движење на граѓаните.
Општина Кичево продолжува посветено да работи на унапредување на патната инфраструктура и создавање поквалитетни услови за живот за сите граѓани.