Град Кичево за прв пат блесна во Новогодишно руво со дводневна новогодишна програма за сечиј вкус
За првпат во Кичево, новогодишната ноќ беше одбележана со заедничка прослава на отворено, во духот на заедништвото, позитивната енергија и надежта за нови успеси, и покрај ниските температури.
Настанот претставуваше повеќе од обична прослава тој означи почеток на една нова традиција која Општина Кичево има за цел да ја негува, унапредува и организира на уште повисоко ниво во иднина.
Градоначалникот г-дин Александар Јовановски и Општина Кичево упатуваат искрена благодарност до сите угостители за нивната посветеност и професионалност, до музичките уметници и сите учесници кои придонесоа за создавање на празничната атмосфера, како и до тимовите задолжени за техничката подготовка и беспрекорната реализација на настанот.
Кичево продолжува да ги живее празничните денови исполнети со музика, забава и позитивна енергија, потврдувајќи ја својата заложба за културен и општествен развој.
Исто така, Општина Кичево им упатува благодарност на сите сограѓани за нивното присуство и поддршка, со уверување дека заедно ќе продолжиме да градиме подобра иднина.
На сите граѓани им ја честитаме Новата 2026 година, со желби за многу здравје, среќа, љубов и благосостојба во секој дом.