Доделени стипендии за студенти за академската 2025/2026 година
Денес со особена чест и голема лична радост покрај нивните горди семејства заеднички споделивме значаен момент кој зборува за вредноста на трудот и знаењето, а тоа е доделувањето на заслужени стипендии на студентите кои ги исполнија условите и се издвојуваа како најуспешни и најпосветени млади луѓе од нашиот град, за академската 2025/2026 година.
Секој од нив претставува пример за труд, упорност и желба за знаење, а токму тие вредности се темелот на едно посилно и поразвиено општество.
Доделувањето на стипендиите не е само формален чин, туку потсетник дека заедно можеме да создаваме иднина во која младите ќе останат, ќе се развиваат и ќе придонесуваат за својот град.
Нивниот успех е наша заедничка победа и мотив секојдневно да работиме уште повеќе и подобро. Во иднина силно ќе се залагам да го зголемиме финансирањето на стипендиите и да создадеме уште подобри услови за образование, обезбедувајќи секој талентиран млад човек да има шанса да успее тука, дома.
Покрај нив, поддршка добија и студентите кои припаѓаат на социјалните категории, со цел ниту еден млад човек да не остане назад поради економската состојба.
Уште еднаш упатувам срдечни честитки и многу успеси во иднина!