Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Денес во Општина Кичево се одржа средба помеѓу градоначалникот на Општина Кичево, Д-р Александар Јовановски, и деканката на Правниот факултет во Кичево, проф. д-р Светлана Вељановска

Средбата беше посветена на отворање нови можности за институционална соработка, размена на искуства и заедничко делување во области што се значајни за образованието, професионалниот развој и поддршката на младите.

Како потврда на заедничката определба за посилна и поконкретна соработка, беше потпишан и меморандум за соработка, со кој се поставуваат темели за реализација на идни активности, иницијативи и проекти од взаемен интерес.

Продолжуваме да создаваме мостови на соработка, во интерес на граѓаните, образованието и заедничкиот развој на Кичево.

Back to top