Денес во Општина Кичево, градоначалникот Д-р. Александар Јовановски оствари значајна средба со претставници од 82 месни заедници
Главната цел на оваа средба беше да се сослушаат нивните проблеми, предизвици и идеи, со намера општината да изготви плански документи за подобрување на условите за живот и развој во секоја заедница.
Оваа иницијатива претставува важен чекор кон поголема транспарентност, соработка и заедничко креирање решенија. Преку директна комуникација и активно учество на граѓаните, Општина Кичево покажува дека гласот на секоја месна заедница е значаен и дека иднината на градот се гради заедно.
Во наредниот период ќе следуваат конкретни активности и мерки за обезбедување рамномерен развој, подобра инфраструктура и поголема поддршка за локалните иницијативи.
Состаноците со претставниците на населените места ќе продолжат и во блиска иднина, со цел да се обезбеди континуиран дијалог и заедничко решавање на предизвиците.