Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Денес остваривме конструктивна и плодна средба со бизнисмени и стопанственици од различни гранки од Општина Кичево

Разговаравме за тековните економски предизвици, развојните можности и насоките за унапредување на локалниот бизнис-амбиент.

На средбата присуствуваше и екс министерот за финансии, г-дин Зоран Ставрески, чија стручност и искуство придонесоа кон поквалитетна дискусија и размена на идеи.

Разговорите беа насочени кон поддршка на претприемништвото, создавање подобри услови за инвестирање и заедничко креирање решенија кои ќе го поттикнат економскиот развој во кичевскиот регион, каде продуктивната дискусија ја водеше раководителот на „ЛЕР“ при Општина Кичево, г-дин Дарко Белевски.

Состанокот заврши во позитивна атмосфера, со заедничка определба за продолжување на соработката и споделување на иницијативи од интерес за локалната заедница и стопанството.

Oпштината e место за сите, отворена, инклузивна и насочена кон поддршка за секој граѓанин.

Back to top