Денес јавното комунално претпријатие „Комуналец“ спроведе обемна акција за чистење долж влезната магистрала кон градот
Екипите за комунална хигиена работеа интензивно на чистење на риголите, собирање на опаднатите лисја и отстранување на земјата и другите отпадоци кои го оневозможуваа движењето и се наталожуваа покрај коловозот. Денешната акција беше реализирана на сегментот од „Млин“ до поранешната „Штрафара“, каде што беше исчистен целиот патен појас и споредната коловозна лента.
Активностите ќе продолжат и утре, кога екипите на ЈКП „Комуналец“ ќе работат на потегот од поранешната „Штрафара“ до автобуската станица, со цел целата магистрала да биде исчистена и безбедна и уредна за сите учесници во сообраќајот. Во оваа акција беа ангажирани околу 30 вработени, кои во текот на целиот ден работеа на терен со механизацијата и камионите на претпријатието.
Редовното чистење на улиците не претставува само естетско уредување, туку и прашање на безбедност и заштита на животната средина. Им се заблагодаруваме на екипите на ЈКП „Комуналец“ за нивната пожртвувана работа и упатуваме апел до граѓаните да ја одржуваат чистотата и да ја почитуваат јавната површина – чист град е заедничка одговорност и вредност на сите нас.