Средба со амбасадорот на Република Турција и со градоначалникот на Општина Коџаели (Република Турција)
Денес, градоначалникот на Општина Кичево Д-р Александар Јовановски оствари официјална средба со амбасадорот на Република Турција, г-дин Фатих Улусој, како и со градоначалникот на Општина Коџаели (Република Турција), г-дин Тахир Бујакин. На средбата присуствуваше и г-дин Ајхан Сулкоски – претседател на Советот на Општина Кичево.
Средбата помина во конструктивна и работна атмосфера, при што беа разменети ставови за унапредување на меѓуопштинската соработка и зближување на односите меѓу Општина Кичево и Општина Коџаели, како и за понатамошно продлабочување на пријателските односи и соработката со Република Турција.
Во фокусот беа можностите за продлабочување на институционалната комуникација, размена на искуства и иницирање заеднички активности и проекти од взаемен интерес, кои ќе придонесат за конкретни придобивки за локалната заедница.
По завршувањето на средбата, градоначалникот, заедно со високите гости, присуствуваше на ифтар, како симболичен гест на почит и пријателство, во духот на меѓусебното разбирање и почитување на традициите.
Општина Кичево останува посветена на градење партнерства и развој на меѓународна соработка, во интерес на граѓаните.