Денес беше остварена посета на Одделот за гинекологија и акушерство при ЈЗУ „Општа болница“ – Кичево, каде што мајката Рабија ноќеска го роди првото бебе во новата 2026 година
Овој радосен настан претставува убав почеток на годината и донесе радост кај семејството, како и кај пошироката јавност во Општина Кичево.
Во име на Општина Кичево беше доделен симболичен подарок и финансиска поддршка за семејството Зејноски, со желби за добро здравје, среќа и благосостојба. На новороденото девојче му посакавме безгрижно детство исполнето со здравје, радост и успеси.
Општина Кичево упатува искрени честитки до семејството и им посакува уште многу убави и радосни моменти.