Демант – соопштение
Во интерес на јавноста, Општина Кичево ги известува граѓаните дека гласините кои се шират во јавноста за „правење дива депонија“ во Кичево или околината на Кичево и населените места се неточни.
Општина Кичево, ниту пак ЈКП „Комуналец“ – Кичево, не организираат и не дозволуваат создавање диви депонии. Надлежните служби постапуваат согласно законските прописи и воспоставените процедури за управување со отпад.
Граѓаните можат да бидат спокојни дека во моментов отпадот се одлага привремено на депонијата во Русино, а во наредниот период одлагањето ќе се врши во Регионалната депонија Новаци, согласно планираната организација и договорените решенија за регионално управување со отпадот.
Апелираме до јавноста да не подлегнува на дезинформации и шпекулации и да се информира исклучиво преку официјалните канали на Општината и ЈКП „Комуналец“.