Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

CNVP Северна Македонија го објавува третиот отворен повик за доделување на грантови како дел од проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Кораб-Коритник, Шара и Албанските Алпи“. финансиски поддржан од Фонд за природа „Преспа – Охрид“ ПОНТ

Тимот на CNVP Северна Македонија организира две информативни сесии во рамките на повикот за доделување грантови во еколошките коридори како дел од проектот „Одржливо користење на природните ресурси во Шара, Кораб-Коритник и Албанските Алпи,“ финансиски поддржан од Prespa Ohrid Nature Trust – PONT.

Ги покануваме сите заинтересирани апликанти да присуствуваат на сесијата што најдобро им одговара и да се информираат за процесот на аплицирање и условите за грантовите.

Распоред на информативните сесии:

  • 01 октомври – 11.00 до 12.30 часот – Општина Струга (сала – Совет на општина)
  • 03 октомври – 11.00 до 12.30 часот – Општина Кичево (сала – Совет на општина)

За време на информативните сесии, учесниците ќе имаат прилика да постават прашања врзани со повикот за грантирање и директно да добијат одговор од проектниот тим на ЦНВП.

Сите информации за процесот на аплицирање можете да ги најдете на линкот подолу:
CNVP

Крајниот рок за поднесување апликации е 21 октомври 2024 година.

Back to top