Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Д-р Александар Живко Јовановски е роден на 1 април 1976 година, живее и работи во градот Кичево, со кој е длабоко поврзан со срце, професија и визија. Тој е човек кој целиот свој живот го посветил на луѓето – прво како лекар, а денес и како градоначалник посветен на доброто на својата заедница.

Од најмлади години, Александар покажувал интерес за општествени процеси и активен граѓански ангажман. Уште од своите средношколски денови бил активен член на партијата ВМРО-ДПМНЕ, каде низ годините созревал како личност и јавен работник со длабока свест за значењето на чесноста, посветеноста и единството во општеството.

Своето образование го стекнал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде дипломирал на отсекот „Општа медицина“. По завршувањето на студиите, својата професионална кариера ја започнал во 2006 година како професор по медицински предмети во средното училиште ОСУ „Мирко Милески“ во Кичево. Во оваа улога, со љубов и трпение ги пренесувал своите знаења на идните генерации, оставајќи зад себе генерации ученици кои денес работат во здравството низ целата држава.

Од 2013 година, Д-р Јовановски ја продолжува својата мисија како матичен лекар во приватната здравствена установа „Драга-Медика“ во Кичево. Во медицинската заедница е препознаен како внимателен, совесен и човечен доктор, секогаш достапен за своите пациенти и познат по својот професионален, но и човечки пристап. Со исклучителна емпатија и почит, тој секојдневно се грижи за здравјето на своите сограѓани, верувајќи дека вистинската сила на еден лекар е во љубовта и вниманието кон човекот.

Во приватниот живот, Д-р Александар Јовановски е семеен човек, сопруг на Линдита Лимани Јовановска и горд татко на три деца, Јана, Живко и Дафина. Семејството му е најголемата поддршка и извор на инспирација. Познат е како човек со длабоки морални вредности, чесен и скромен, кој секогаш стои зад своите зборови и принципи.

Во октомври 2025 година, со голема доверба од граѓаните, е избран за градоначалник на Општина Кичево. Неговата победа е симбол на нова енергија и надеж за градот. Со искрена верба во заедништвото, Д-р Јовановски ја поставува основата на своето работење врз три столба, чесност, развој и единство.

Како градоначалник, тој ќе се залага за живот и взаемна почит меѓу сите граѓани, без разлика на етничката или верската припадност. Под негово водство, Кичево веќе станува пример за мултиетничка хармонија и современ европски град кој чекори напред со достоинство.

Со својата скромност, работливост и човечност, Д-р Александар Јовановски остава впечаток на човек кој секогаш ги слуша луѓето и работи со нив, а не над нив. За него, функцијата не е цел, туку обврска, обврска со љубов и совест да се работи за сите граѓани на Кичево.

Back to top